Изгорена до темел уште една Православна црква
 
 
 
 
 

Изгорена до темел уште една Православна црква (15.08.2013 17:47)

Антиохиската православна црква на светите маченици Сергиј и Вакх беше симбол на ал-Тавра (познат и како ал-Табка). Тоа беше импресивна, модерна структура со голем двор, опкружена со високи ѕидови. Црквата беше сместена на главната улица во близина на јужниот брег на езерото Асад, популарно место каде локалното население одеше на вечерни прошетки. Неговата елегантна купола со крст можеше да се види од сите страни на Третиот кварт (познат и како Хај ал-Иштиракија).

Духовно, црквата беше под јурисдикција на Архиепископијата од Алепо. Нејзиниот митрополит Булос ал-Јазиги беше киднапиран на 22 април годинава, заедно со сирискиот правословен митрополит во истиот град Грегорис Јоухана Ибрахим.

Црквата беше изградена во периодот помеѓу 1985 и 1994, на земјиштето кое беше понудено од страна на советот на ал-Тхаврах и можеше да прими околу 300 верници. Освен што оваа црква примаше повеќе од 250 православни семејства исто така во неа доаѓаше и локалното христијанско население кое немаше во близина своја црква за богослужби, вклучувајќи ја и малата сириска православна заедница.

Ова исто така беше едно од двете христијански места за молитва во градот, а другото е малата црква на свети Георгиј која ѝ припаѓа на асириската црква. Оваа црква е изградена околу 1973 година, во постариот дел на ал-Тхаврах, локално познат како ал-Карјах (село).

Извор: kicevo.mk