Во Одеса беше осветен храм за глувонеми (20.08.2013 10:14)
На 6 август Одескиот и Измаилски Митрополит
Агатангел освети храм посветен на св. преподобномаченичка Елисавета
(Фјодоровна). Храмот е изграден на територијата на Одеската локална детска
кожно-венерична болница. Во него ќе се служат богослужби и за глувонеми, соопшти
„Православна Одесса“, цитирана од Православие.ру.
Во
престолот на храмот е положена честица од моштите на св. Максим
Римски.
Во
своето архипастирско слово Митрополитот истакна дека во Одеската епархија,
благодарение на конструктивната соработка на Црквата и месната власт, во многу
од медицинските установи се изградени храмови, каде лекарите и пациентите можат
да се помолат и да побараат исцеление од Бога.
Во новоосветениот храм ќе богослужи свештеникот Светослав Минаев, кој го знае јазикот на глувонемите.
Извор:
Dveri.bg