Света Гора ја дематираше веста за посетата на Папата Франциско
 
 
 
 
 

Света Гора ја дематираше веста за посетата на Папата Франциско (02.09.2013 09:49)

Откако во медиумите се појави вест за наводната покана на Папата Франциско да ја посети Света Гора, Светиот Кинот на Света Гора, управното тело составено од претставници на сите светогорски манастири, се изјасни преку посебно соопштение.

Во соопштението се наведува дека „гласините за наводната покана до Папата да ја посети Света Гора Атонска, кои ги раширија одделни црковни медиуми, во потполност се неточни и неосновани. Ја изразуваме својата вчудоневиденост од фактот што медиумите, дури и црковните, раширија ваква вест без и најмала потврда.

Догматската свест на Света Гора (како чувар на православното Предание и место за духовен подвиг), која со векови останала непроменета, не би дозволила на оние што се одговорни да преземат таква иницијатива.

Обраќајќи им се на сите луѓе со добра волја, со отечка и братска љубов Ве молиме да не им верувате на овие злонамерни „новости“, туку да обрнете внимание на официјалниот став на Светиот Кинот на Света Гора Атонска“.

Во потпишаните се сите игумени на дванаесетте светогорски манастири.

Извор: Светигора