Вселенскиот Патријарх се подготвува за својата шеста посета на Света Гора (29.09.2013 14:43)
Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во текот на месецот октомври ќе ја оствари својата шеста поколничка посета на Света Гора. Тоа ќе биде по повод едновековната годишнина од решението на Светиот Кинотис за вклучување на атонската монашка заедница во грчката држава.
Светиот Кинотис го поканил Вселенскиот Патријарх да ги предводи празничните манифестации, кои ќе се одвиваат во Кареја и Протатскиот храм.
Во својот одговор Патријархот Вартоломеј изјавил дека со големо нетрпение го очекува моментот кога ќе биде заедно со светогорските отци, браќата и чедата и кога заедно ќе запејат химни во слава на Господ. Тој на Света Гора гледа како на место ослободено од човековата корист и етнофилетиските поделби.
Се очекува Патријархот Вартоломеј да пристигна на Света Гора на 15 октомври и да остане до 18 истиот месец. Центар на прославата ќе биде Кареја, престолнината на монашката република, каде се собрани претставниците на 20-те светогорски манастири. Патријаршиската делегација ќе биде составена од уште три Митрополити.
Извор: Двери.бг