Манастирот „Света Текла“ во Малули и понатаму е под опсада (12.10.2013 17:15)
Хуманитарната помош за монахињите и децата кои останаа без храна и вода, а кои од терористите се скрија во сирискиот православен манастир посветен на света Текла, двапати успешно е предадена, во четвртокот соопшти претставникот на Антиохиската Православна Црква Арамејскиот Епископ Исак (Баракат), пренесува РИА новости.
Агенцијата Франс-прес кон крајот на септември соопшти дека околу 40 монахињи и деца сирачиња остануваат затворени во манастирот во градот Малули, кој терористите го опколија. Според податоците на сириските воени извори, на приоѓањата кон манастирот се пука од снајпери. Исто така, соопштено е дека агрегатот во манастирот е неисправен и снабдувањето со вода е прекинато. „Немаат струја, немаат вода, и немаат ништо за јадење... Двапати успеавме да испратиме помош во манастирот“, им рече Епископот Исак на новинарите.
Според неговите зборови, во манастирот се неопходни намирниците предадени благодарение на помошта на Патријархот Јован Х и сириската војска. Епископот, исто така, додаде дека минатата недела терористите го нападнале храмот посветен на Чесниот крст во Дамаск, каде Баракат служи како старешина и грчко-католичкиот храм на Пресвета Богородица. „Осуммина загинаа, а дваесет се ранети“, додаде претставникот на Антиохиската Патријаршија.
Помош за жителите на Малули сега се праќа и од Русија. Така, на 29 септември, Царското православно палестинско друштво обезбеди хуманитарна помош во Дамаск, тешка околу 1,5 тони. Во тек е обидот, еден нејзин дел – намирници и медикаменти, како и поклони за децата, кои беа обезбедени од Домот за деца при Виксунскиот Иверски женски манастир во Нижње-Новогородската област, да се префрли во Малули, пренесува ИНТЕР-ТАС.