Ватопедскиот игумен повторно на суд (15.10.2013 14:25)
Грчките црковни новински ангенции „Ромфеа“ и „Амин“ соопштуваат дека архимандритот Ефрем, игумен на светогорскиот манастир Ватопед, ќе мора повторно да се појави пред судот за предметот со размена на манастирското земјиште на островот Вистонида, кој трае веќе неколку години.
Еден од најценетите светогорски духовници, архимандритот Ефрем беше уапсен во декември 2011 г. и држен во притвор повеќе од три месеци. Овој случај предизвика големо огорчување и вознемиреност кај целокупната светогорска заедница: архиереите, свештенството, монаштвото и верниците во Грција, како и реакции кај поединечни претставници на другите Помесни Цркви. Во јуни 2012, отец Ефрем беше ослободен од обвинението.
Извор: Светигора