Во тек се преговорите за ослободување на киднапираните Алепски Митрополити
 
 
 
 
 

Во тек се преговорите за ослободување на киднапираните Алепски Митрополити (15.10.2013 14:47)

Престседателот на Сириската лига Хабиб Ефрем ја потврди информацијата дека киднапираните Митрополити се живи и дека има позитивен напредок во преговорите за нивното ослободување.

Преговорите за ослободување на Митрополитите, киднапирани од екстремистите, на 24 април оваа година во близина на Алепо, се водат паралелно со преговорите за ослободување на 9 либански заложници во Азаз, објасни Хабиб, повикувајќи се на информацијата од генерал-мајорот Ибрахим Абаса.

Епископите сѐ уште се заложници на една мала група бунтовници во градот Бшактин, 20 км од Алепо.

Ефрем соопшти дека Турците се ангажирани за ослободување на либанските заложници, кои исто така, работат на ослободување на Ерарсите. Тие изразија надеж дека Митрополитите ќе бидат ослободени денес, 15 октомври, кога муслиманите го слават празникот Ид ал-Адха. Во статијата, пак, објавена од дневниот весник Ан-Нахар дејли, дури и се тврдеше дека Архиереите ќе бидат во списокот на гости на конференцијата во Лихтенштајн, закажана за 25 октомври.

Извор: Седмица.ру