Честица од животворниот Господов Крст во Англија
 
 
 
 
 

Честица од животворниот Господов Крст во Англија (13.11.2013 11:54)

Големата светиња во христијанскиот свет за првпат ќе биде донесена за поклонение во Велика Британија. Таа ќе престојува во Лондон, Манчестер, Ливерпул и Оксфорд, соопштува сајтот на Сурошката епархија.

Во сабота, 30 ноември, светиот Крст ќе пристигне во Успенскиот соборен храм при Сурошката епархија во Лондон.

По свечениот дочек, соборот од свештеници ќе отслужи молебен пред Господовиот Крст, а утредента Божествена Литургија.

На 2 декември, по повод 400-годишнината на Домот на руската династија Романови во Лондон, ќе биде отслужен молебен пред Крстот и помен за царските маченици. Планирано е истата вечер светињата да биде предадена на грчките свештеници заради поклонување на верниците во храмовите при Фиатирската епархија.

На 7 декември светињата ќе престојува во рускиот храм „Покров“ во Манчестерската епархија.

Следниот ден заминува за Ливерпул, во грчкиот храм „Свети Никола“.

На 10 декември Крстот ќе го пречекаат свештенството и верниците од Сурошката епархија во Оксфорд.

 

Извор: Светигора