Свечености на Егина во спомен на св. Нектариј (13.11.2013 13:15)
На грчкиот остров Егина завршија свечените богослужби во чест на еден од најпочитуваните подвижници на 20 век – св. Нектариј Пентаполски, соопштува сајтот agionoros.ru.
Ноќта, во очи празникот во соборниот храм при манастирот „Света Троица (Св. Нектариј)“ беше отслужена Вечерна. Веднаш потоа започна Литијата. Чесната глава на Светителот беше пренесена во големиот соборен храм на Нектариј Пентаполски, кој се наоѓа во близина на манастирот.
Утрото, во соборниот храм, беа отслужени Утрена и Божествена Литургија. На богослужбата која беше возглавена од Митрополитот Маранијски Пантелејмон, учествуваа и Митрополитите: Кифирскиот Серафим, Неврокопскиот Јеротеј, Арголидскиот Нектариј и Егинскиот Ефрем. По Литургијата започна литијата која заврши со молебен во соборниот храм на пристаништето на Егина.
Во празничните свечености учествуваа илјадници жители и поколници од сите краишта на православниот свет.
Свети Нектариј Пентаполски (Егински) е канонизиран пред половина век, но денес, без преувеличување, може да се каже дека тој е еден од најпочитуваните светители во православниот свет. Неговиот подвиг се содржи во неговата саможртвена активност на пастирската нива, богословското наследство, праведниот крај и чудата кои го прославија неговото име далеку од границите на Грција.
Свети Нектариј е официјално прогласен за покровител на богословските училишта во Грција. Тој во себе ги соединува цртите на архипастир, на вистински монах и исклучителен богослов. Според зборовите на познатиот грчки историчар и духовен писател архимандритот Илија Мастројанополис: „Св. Нектариј во сите аспекти беше вистински духовник, вдахновен од Светото Писмо, Отците, молитвите и личното искуство. Библиски, светоотечки, преданиски, кој цврсто стоеше на земја, но и навистина современ. Секогаш вдахновен од Евангелието, но како и кај св. Василиј и св. Златоуст, никогаш не му беа туѓи психологијата и медицината“.
Извор: Светигора