Свештеник учествуваше во Атинскиот класичен маратон (16.11.2013 13:13)
Сакав да покажам дека Црквата постојано живее со својот народ и присуствува на сите настани: од општествени до спортски. Токму затоа и зедов учество во овој маратон. Очигледно беше дека тоа им се допадна на луѓето: кај и да претрчав – секаде мене ми аплаудираа повеќе отколку на другите учесници. Некои луѓе просеа молитви. И се молев додека трчав!“
43-годишниот отец Атанасиј најверојатно беше најуникатниот тркач, кој доста се разликуваше од останатите учесници на Атинскиот класичен маратон, – пишува Romfea.
Иако свештеникот не урна никакви рекорди, сепак успеа да предизвика потресен впечаток, излегувајќи на трките во подрасник.
43-годишниот отец Атанасиј, има чин капетан, живее и служи во Птолемаида, како воен капелан во Ι Армиски корпус.
Татко на пет деца и љубител на спортот (трчањето), свештеникот реши да истрча 42 km маратон, за да го сврти вниманието на луѓето кон Црквата.
„Ми беше интересно да учествувам во натпреварот. Народот ме прими топло. Не слушнав ниту еден негативен коментар, напротив – само еден изрази желба следната година да го трчам маратонот без подрасник. „Но, тогаш ти не би сфатил дека сум свештеник“, – му одговорив јас“, – вели отец Атанасиј.
Свештеникот зел благослов за учество во натпреварот од Митрополитот на Флорина, Преспа и Еордеја, кој што го поддржал решението на клирикот да ја трча далечината во подрасник, иако тоа не било задолжително.
„Трчав во подрасник, затоа што само така можев да ја пренесам пораката“, – објаснува свештеникот.
Отец Атанасиј Влаходимос го завршил маратонот за 4 часа и 16 минути, иако на тренинзите, како што самиот вели, успевал да достигне резултат од 3 часа и 40 минути.
„Истрчав со задоцнување, заради тоа што ми се свитка ногата. За среќа, ништо сериозно, само од тоа настрада резултатот. Но, јас сум среќен за самото учество. Освен тоа, медал добиваат сите учесници, кои дотрчуваат до целта. Во тоа е и смислата на маратонот – целта“, рече свештеникот.
Извор: Православие.ру