Прославен празникот на св. апостол Андреј Првоповикан, патронот на Цариградската Патријаршија (01.12.2013 20:45)
Во присуство на бројно свештенство и верен народ денес (30 ноември 2013 г.) во Фанар, Цариград, беше свечено прославен патрониот празник на Цариградската Патријаршија – споменот на светиот апостол Андреј Првоповикан. Во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Вселенската Патријаршија, неговата Сесветост, г.г. Вартоломеј I отслужи Света Архиерејска Литургија, на која за Архиепископ Телмиски беше хиротонисан високопреподобниот архимандрит, проф. д-р Јов Геча. Неговото востоличување е закажано за 5 декември оваа година, во црквата „Св. Александар Невски“ во Париз.
Како и секоја година, на прославата на патрониот празник присутна беше делегација на Римо-католичката црква, предводена од кардиналот г. Кох.
Извор: www.dogma.gr