Отворено писмо на православен свештеник од Сирија
 
 
 
 
 

Отворено писмо на православен свештеник од Сирија (02.12.2013 22:12)

Радикалните исламистички групи повторно ги напаѓаат христијанските населби во околината на Дамаск – овој пат целта на терористите беше градот Дејр Атија – пренесува информативниот портал Calam1.

Православен свештеник од Дејр Атија, кој поради безбедносни причини не го наведе своето име, испрати отворено писмо до агенцијата Fides. Тој пишува дека терористите упаднале во градот кој се наоѓа на 88 километри северно од сириската престолнина, на дваесет и втори ноември, после што ја запоседнале градската болница, земајќи ги како заложници сите пациенти кои се наоѓале на стационарно лекување.

Жртва на вандализмот бил и локалниот музеј кој терористите го ограбиле и разориле; според првичните податоци, ограбени и уништени се над стотина експонати со исклучителна историска вредност. Според сведоштвото на клирот, таканаречените „сили на опозицијата“ нападнале во куќите на мештаните ограбувајќи и апсејќи ги нивните жители, за потоа да ги искористат како жив штит. Исто така, во нападот биле оштетени и неколку цркви и џамии.

Во своето писмо, отец Ф. Х. ги истакна размерите на катастрофалната ситуација во градот. Откако терористите воспоставиле контрола над Дејр Атија, многу жители на градчето (чијшто број изнесува околу 25 илјади луѓе) се обиделе да побегнат од населбите. Меѓутоа, ни од далеку не успеале да поминат низ контролниот пункт на „опозициската војска“, чии дежурни војници ги проверувале личните документи на бегалците. „Сите што имаа христијански имиња или презимиња, беа спречени да излезат од градот“, - вели свештеникот кој истакнува дека тој и неговото семејство, кои имаат имиња што традиционално ги носат муслиманите – Арапи, успеале да се извлечат од зоната што ја контролираат радикалистите.

Отец Ф. Х. исто така испрати специјален апел до светската заедница и црковното раководство со молба да помогнат во „ослободувањето на заложниците и во спасувањето на Дејр Атија“.

Како што истакнува агенцијата Fides сеуште не се јасни мотивите кои ги поттикнале терористите да го нападнат градот кој во текот на последните недели им пружи заштита на стотина бегалци од блиското село Кара во реонот Каламун, кој се наоѓа на 90 километри од Дамаск и од либанското село Урас, кое било подложено на сличен напад од исламистите.

Извор: Светосавље