Во исихастирионот на Светиот Старец Порфириј Капсокаливиски беше отслужена Божествена Литургија (02.12.2013 23:52)
Во присуство на илјадници верници беше отслужена празнична Божествена Литургија во светиот исихастирион на светиот Старец Порфириј во Малакас во Атика, пишува „Ромфеа“. Празничната Божествена Литургија во сослужение на многу свештенослужители беше возглавена од ерархот на Вселенската Патријаршија, Високопреосветениот Филаделфиски Митрополит Мелитон.
Во олтарот беа присутни Митрополитот Мелитон и многу игумени на светите заедници од Грција. „Св. Порфириј, – рече во својата беседа Неговото Вископреосвештенство, – проповедаше со својот пример на живот во љубов, ангелски живот. Од Света Гора, од Евбеи, од плоштадот Омонија, од Калисија, од Милес, од ова свето место, на кое тој стоеше со своите нозе“.
„Ликот на светиот Старец Порфириј продолжува да се втемелува во сеќавањето и во срцата на сите оние што имале благослов да го познаваат и да зборуваат со него“, додаде ерархот на Вселенскиот престол.
Исто така, Неговото Високопреосвештенство се повика и на нашата современа епоха, ставајќи акцент на тоа што „во сегашниот сложен период низ кој минува нашата земја и нашиот благословен народ, живеејќи во конфузија и соочувајќи се со дефицит од луѓе, се изгуби довербата во разни „помазани“ кои се сметаат за духовници, способни да го покажат патот и излезот од безизлезните ситуцаии, но нашиот Старец, светиот Порфириј ни го посочува тој пат. А тоа е патот на преображението“.
„Светиот Порфириј е вистинскиот отец и лидер на нашиот народ, затоа што тој навистина го љубеше него. Тој не сакаше угодувања, не бараше придобивки од луѓето, не се стремеше кон чинови, власт и богатство. Единственото што тој го имаше во изобилие и неограничено го раздаваше, беше неговата љубов“, додаде Филаделфискиот Митрополит.
Извор: Православие.ру