Антиохискиот Патријарх ја повика светската заедница да помогне за ослободување на киднапираните монахињи
 
 
 
 
 

Антиохискиот Патријарх ја повика светската заедница да помогне за ослободување на киднапираните монахињи (07.12.2013 18:34)

Неговото Блаженство Антиохискиот Патријарх Јован, во понеделникот упати апел до светската заедница да ги мобилизира своите сили и да помогне при ослободувањето на киднапираните монахињи од древниот манастир „Света Текла“ во сирискиот град Маалуја.

„Нашиот повик е упатен до меѓународната заедница и светските влади за ослободување на монахињите од Света Текла, кои се затворени“, се вели во апелот. „Киднапирањето на монахињите е груба навреда на човековото достоинство и гласот за мир во Сирија и во целиот Левант (Источен медитеран)“.

Како што е веќе соопштено, група сириски бунтовници во неделата, на 1 ноември, киднапираше дваесет монахињи од православниот манастир „Света Текла“ во Маалуја, гратче северно од Дамаск. Се претпоставува дека монахиљите се однесени во Јабруд, седиштето на бунтовниците, на 80 км од Дамаск.

Извор: Светосавље