Есхумирани се нетлените мошти на романскиот исповедник на верата
 
 
 
 
 

Есхумирани се нетлените мошти на романскиот исповедник на верата (11.12.2013 16:02)

Пред неколку денови во романскиот манастир Петру Вода беа есхумирани моштите на отец Георги Калчу-Димитреса (1925-2006). Според романската црковна традиција тоа се изврши после седум години од денот на неговото упокојување – 21 ноември 2006 г. Моштите на подвижникот се нетлени.

Познатиот романски свештеник и дисидент од времето на диктатурата на Чаушеску, отец Георги, почина во клиниката во американската држава Вирџинија, на 80 години.

Отец Георги беше симбол на отпорот против самоволието што поизлезе од комунистичката власт во Романија – тој отворено ја заштитуваше својата вера, без да стравува од затворот, гонењата и смртта. За првпат бил затворен од комунистичката власт во 1946 г., како студент по медицина, поради своите религиозни убедувања. Испратен е во затворот Питешт, каде бил подложен на експерименталната програма „за промена“ – збир од методи, користени од романските комунисти со цел потполно да се уништи личноста и да се искорени христијанската вера од круговите на романската младина. Преживеаните од тие години си спомнуваат со восхит и почит кон идниот отец Георги. Разван Кодреску вели: „Случајот со Георги Калчу е причината да се смета дека Питештскиот експеримет е неуспешен“. Георги останува во затворот до 1964, кога е ослободен врз основа на општата амнестија.

По ослободувањето, Георги студира на Факултетот за литература и философија и започнува докторска дисертација. За време на престојот во затворот, сепак, дава ветување дека ако го преживее затворскиот ужас, целосно ќе се посвети на служењето на Бога. Затоа, паралелно запишува и Богословија, а во јануари 1973 г. е ракоположен за свештеник.

Отец Георги станува незамолкнат глас меѓу атестичката власт, јавно исповедајќи ги православната вера и христијанските вредности. Тој станува особено популарен меѓу младите. Почнува да предава француски јазик и Нов Завет во Букурешката духовна семинарија, но во 1978 г. е отпуштен поради јавното застапување за религиозната слобода и правата на човекот. Останува на административната должност во Семинаријата, без право да работи со младите. Следната година повторно е уапсен и осуден на 10 години затвор. Тој ги поминува тие години во целосна изолација од ближните. Покасно, тој самиот ги опишува страдањата кои му биле нанесувани дури и во болницата при затворот. Но, на 20 август 1984 г., сепак отец Георги е предвремено ослободен поради протестите во западните земји. Сепак, слободата му била привидна – неговото живеалиште било под стража и до него било практично невозможно да се дојде. Истата година му е одземен чинот со решение на Букурешкиот епархиски совет, поради „непослушание и прекршување на поттчинувањето на духовните власти, и за нарушување на правилата во православните богословски училишта“. Неговата молба од 1985 г., решението да биде повторно разгледано, е отфрлена.

Следната година отец Георги, неговата сопруга и син му поддаваат документи за емигрирање и неочекувано добиваат дозвола. Така заминуваат во САД. Таму тој е примен во Романската епископија при Православната Црква во Америка и чинот му е вратен. Од 1989 г. е старешина на црквата „Светиот Господов Крст“, во Александрија, држава Вирџинија. По паѓањето на режимот во Романија, често се враќа во татковината. Се упокојува на 21 ноември 2006 г. во американската клиника, после кратко и мачно боледување. Според неговиот аманет (завештание) погребан е во татаковината, во манастирот Петру Вода. 

Отец Георги е познат низ целиот свет поради силата на неговата вера за време на тешките гонења. Тој поминал 21 година од својот живот во затворите. Напишал неколку книги и многу статии, изложил многу предавања и проповеди. Со својот пример инспирирал илјадници следбеници, претежно млади, вдахнувајќи им ја решителноста да Му бидат верни на Христос и на Неговата Црква. 

Извор: Двери.бг