Започна изградбата на првиот православен храм во Стразбур
 
 
 
 
 

Започна изградбата на првиот православен храм во Стразбур (12.12.2013 09:02)

На 7 декември 2013 година, недела, денот кога Црквата го празнува споменот на светата великомаченичка Екатерина, на градежна парцела доделена на Руската православна црква од градските власти на Стразбур, се отслужи молебен за започнување на изградба на првата православна црква во Стразбур, Франција, јавува агенцијата Ромфеа. На осветувањето, меѓу другото, беше кажано дека православните христијани во Стразбур одамна го чекале овој ден, и дека подготвувањето на потребната документација за изведба на проектот траела неколку години.

Исто така, беше поставен и осветен крст во висина од 2.5 метри.

 

Во тек е акција за прибирање на финансиски средства за изградба на храмот; сите донации доаѓаат од приватни лица, верници, кои и најмногу ја чувствуваат потребата за изградба на храмот. Изведбата ќе чини околу 4 милиони евра, според првичните пресметки.

Автор на проектот е францускиот архитект Николас Берст. Во црквата ќе може да се соберат 300 луѓе; ќе биде висока 42 метри.

Осветувањето и поставувањето на камен – темелникот на црквата беше извршено во 2006 година, од сега веќе блаженоупокоениот Патрихарх Алексеј II.

Извор: Православие.ру