Знеполскиот Епископ Јоан е новиот Варненски и Великопреславски Митрополит
 
 
 
 
 

Знеполскиот Епископ Јоан е новиот Варненски и Великопреславски Митрополит (23.12.2013 20:02)

Вчера, на 22 декември 2013 г., во синодскиот параклис „Св. цар Борис“ по Божествената Литургија Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Неофит ги повика своите собраќа Митрополити и членови на Светиот Синод да пристапат кон гласање за избор на новиот Варненски и Великопреславски Митрополит.

Гласањето се спроведе по хиерархија, прв го посочи својот избраник Патријархот Неофит, а по завршувањето на гласањето Неговата Светост ги објави изборните резултати:

Вкупно гласаа 12 членови на Синодот, двајца од нив (Пловдивскиот Митрополит Николај и Западно и Северноевропскиот Антониј) отсуствуваа од оправдани причини, но навремено го испратија својот глас.

Со 9 гласа ЗА од вкупно 12 Светиот Синод го избра за Варненски и Високопреславски Митрополит Знеполскиот Епископ Јоан.

Неговиот противкандидат Мелнишкиот Епископ Серафим беше поддржан со 3 гласа.

Неговото Преосвештенство Знеполскиот Епископ Јоан се прогласува за канонски избран Варненски и Великопреславски Митрополит.

 

Извор: Bg-patriarshia.bg