Светогорскиот манастир Ватопед им помага на сиромашните (24.12.2013 18:17)
Манастирот Ватопед постојано им
помага на многу добротворни организации во Грција. Овој пат, беше укажана помош
на болницата при Митрополијата Кисама и Селина (Критска Архиепископија при
Константинополската Патријаршија), соопшти Agionoros.ru.
Во очи празникот Рождество
Христово (25 декември по нов стил) Ватопед обезбеди тон живина за потребите на
Кисамската Митрополија. Во народните кујни при епархијата предвидени се 1500
бесплатни оброци неделно, а кон тоа треба да се додаде дека и 350 семејства
редовно добиваат најнеопходни продукти и предмети за нивните домови.
Касамскиот Митрополит Амфилохиј
им изрази длабока благодарност на игуменот Ефрем и братството при манастирот
Ватопед: „Манастирот Ватопед, спротивставувајќи се на духот на времето и
тенденциите на современиот свет, ја покажува својата љубов со дело, дарувајќи
им насмевка, радост и надеж на мноштво луѓе, кои страдаат и се изложени на
испит“.
Митрополитот Амфилохиј раскажа
за добротворните активности во својата епархија, со кои им се помага на сите
кои имаат потреба од помош и поддршка (оние без работа, многудетните,
пензионерите и други категории од населението).
„Му благодариме на манастирот
Ватопед, кој со неговиот благороден подарок повторно им помогна на луѓето, чии
животи во последниве години станаа тешки“, истакна Митрополитот.
Извор: Православие.ру