Православни христијани ќе земат учество на овогодинешниот „Марш за живот“ во САД
 
 
 
 
 

Православни христијани ќе земат учество на овогодинешниот „Марш за живот“ во САД (04.01.2014 23:41)

Во среда, на 22 јануари 2014г., православни христијани од Соединетите Американски Држави ќе се соберат во главниот град на САД, Вашингтон, за да земат учество во овогодинешниот „Марш за живот“.

На Неговото Блаженство, митрополитот Тихон, ќе му се придружат неколку членови на Светиот Синод на ПЦА – Неговото Високопреосвештенство архиепископот г. Натаниел, Неговото Преосвештенство, г. Мелхиседек, Неговото Преосвештенство г. Михаил и Неговото Преосвештенство г. Марк. Се очекува учество да земат и студентите од богословиите „Св. Тихон“ и „Св. Владимир“.

Упатен е апел до учесниците да се соберат под транспарентот „Православни христијани за живот“, што ќе се наоѓа од десната страна од платформата на Седмата улица. Оттука, учесниците ќе маршираат до Врховниот Суд, кадешто митрополитот Тихон, заедно со свештенството и народот ќе одржи молебен за постраданите жртви на абортусот.

Ден претходно, на 21 јануари, ќе се отслужи Вечерна богослужба во црквата св. Никола, со почеток во 19 часот, по што ќе следи прием кај митрополитот. Сите учесници се поканети да земат молитвено учество на оваа богослужба.

Дополнителни информации може да се добијат на следните веб страни: Православни христијани за живот и Заедница на св. Амвросиј при богословијата „Св. Владимир“.

Извор: OCA.org