Христијаните во Русија го прославија Рождеството Христово (10.01.2014 19:38)
Неговата Сесветост, Рускиот Патријарх Кирил богослужеше во соборната црква на Христос Спасителот во Москва, а на Божествената Литургија присуствуваа голем број верници, како и државниот врв. За поклонение беа положени Даровите на мудреците, светиња којашто оваа година како благослов од манастирот „Св. Павле“ на Света Гора е пренесена во Русија за поклонение за време на прославата на Рождеството Христово.
Рускиот претседател г. Владимир Путин присуствуваше на божикната богослужба во новиот соборен храм во Сочи, изграден во близина на Олимпискиот парт. Ова е втор по ред Божик во Сочи за претседателот Путин. Минатата година тој молитвено го одбележа Рождеството Христово во манастирот на св. Георгиј во село во близина на Сочи.
Извор: Voice of Russia и RIA Novosti