За прв пат прославен Божик во Лугузи, Уганда
 
 
 
 
 

За прв пат прославен Божик во Лугузи, Уганда (11.01.2014 12:39)

Во селото Св. Спиридон во Лугузи, Уганда, оваа година за прв пат беше прославено Рождеството Христово од заедница на православни христијани. Бидејќи православниот храм е сè уште во изградба, верниот народ се собра во дворот на домот на парохискиот свештеник, о. Георгиј Нуоби, кадешто беше отслужена Божествена Литургија. По литургијата следеше трпеза на љубовта.

Отец Георгиј ја изрази својата благодарност кон мисијата на Грчката православна црква која, иако во својата матична земја минува низ турбулентен економски период, не престанува духовно и финансиски да ги помага православните христијани во Уганда.

Извор: dogma.gr