Избран новиот Митрополит на чешките земји и Словачка, г. Растислав
 
 
 
 
 

Избран новиот Митрополит на чешките земји и Словачка, г. Растислав (14.01.2014 12:56)

Свештениот Синод на Црквата во чешките земји и Словачка на саботното (11.01.2014) 13-то вонредно заседание го избра новиот Архиепископ Прешовски и Митрополит на чешките земји и Словачка, г. Растислав.

На седницата беа присутни 49 делегати. Гласањето се одвиваше тајно, а беше потребно кандидатот да добие двотретинско мнозинство од гласовите. По пребројувањето на гласовите, беше утврдено дека 87% од гласовите ги доби Неговото Високопреосвештенство, г. Растислав.

Во непосредната изјава за новинарите по завршувањето на изборот, новиот Митрополит изјави дека се надева оти несогласувањата конечно ќе бидат надминати: „Минуваме низ божикниот период, подготвувајќи се за Светото Богојавление. Зборот мир е често присутен во литургиските текстови во овој период. Сесрдно посакувам во нашата Црква да настапи долгоочекуваниот мир“.

Историјата на Православната црква на чешките земји и Словачка датира од 9 век, а со автокефален статус оваа Црква се здоби дури во 1951 година.

Извор: http://www.orthodox.sk/