Москва: Повеќе од 400 илјади верници се поклонија на Даровите на мудреците
 
 
 
 
 

Москва: Повеќе од 400 илјади верници се поклонија на Даровите на мудреците (15.01.2014 00:34)

Четиристотини и дванаесет илјади Московјани и гости во руската престолнина се поклонија на Даровите на мудреците, донесени во Москва по повод Рождествените празници. Светињите беа во Москва од 6 до 13 јануари. Беа донесени од Света Гора, каде се чуваат. Поради студот раководството на Москва презеде посебни мерки за да ги згрижи верниците во огромните редици. Во просек се чекаше по 9 часа пред храмот на Христос Спасителот. За поклониците беа обезбедени автобуси за одмор и затоплување, опремени со 36 пукнтови за храна, а од 9 подвижни кујни се делеше топол чај. Околу 2400 членови на полицијата и армијата деноноќно се грижеа за редот.

Беа присутни и доброволци, социјални патроли и 37 групи за медицинска помош.

Од вчера Даровите на мудреците и светогорските монаси кои се дојдени со нив веќе се во Санкт Петербург. Тие ќе останат таму до 17 јануари. Поклонувањето ќе биде во храмот на Новодевичкиот манастир во северната руска престолнина. Дванаесет часа пред храмот да биде отворен за поклониците, пред него имаше редица верници во должина од 500 метри.

Извор: Двери.бг