Повеќе од 165 илјади луѓе присутвуваа во московските храмови за Богојавление
 
 
 
 
 

Повеќе од 165 илјади луѓе присутвуваа во московските храмови за Богојавление (20.01.2014 13:36)

Повеќе од 165 илјади верници учествуваа во празнувањето на Господовото Крштение во Москва, ноќта во очи неделниот ден, соопштува „Интерфакс“.

„Ноќта кон 19 јануари, во Москва, на празнувањето на Господовото Крштение земаа учество повеќе од 165 илјади луѓе. Ноќната празнична богослужба беше отслужена во 125 цркви и манастири во главниот град“, соопшти соработник на прес-службата.

Според неговите зборови за обезбедувањето на јавниот ред и мир и безбедноста биле ангажирани над 2500 соработници на полицијата и армијата.

На 60 традиционални места за празнување на Водици биле присутни по 90 илјади верници.

Извор: Pravoslavie.ru