Ерусалимскиот Патријархат го обновува евхаристиското општење со Романската православна црква
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот Патријархат го обновува евхаристиското општење со Романската православна црква (05.02.2014 16:36)

Споразумот за возобновување на евхаристиското општење е потпишан на 3 февруари 2014 г. помеѓу Ерусалимската и Романската православна црква, ја пренесува Седмица.Ру веста од агенцијата „Ромфеа”. Значајна улога за возобновувањето на општењето меѓу Ерусалимската и Романската Патријаршија имал романскиот претседател, г. Трајан Басенку при неодамнешната посета на Ерусалим.

Односите помеѓу Ерусалимската и Романската православна црква беа прекинати на речиси две и пол години. Причина на разделувањето било градењето на храм во Светата Земја, на канонската територија на Ерусалимскиот Патријарх, без благослов од г. Теофил, Патријарх Ерусалимски . Во април 2011 г. Патријархот Теофил ја предупреди Романската православна црква за можното прекинување на евхаристиската кинонија поради започната изградба на романски храм во Јерихон. Последниов бил изграден од страна на архимандритот Јероним (Кречу), клирик на Романската Патријаршија.

Поради отсуство на реакција од страна на Романската Црква по предупредувањето од страна на Ерусалимскиот Патријарх, на 9 мај 2011 г. на седницата на Светиот Синод на Ерусалимската православна црква, било примено решение за забрана на свештенослужење на архимандритот Јероним (Кречу) и прекинување на евхаристиското општење со Романската православна црква.

На 20-21 февруари 2013 г. во Ерусалим се одржаа преговорите меѓу делегациите на Романската Патријаршија на чело со Архиепископот Тирговиштски, г. Нифонт и претставниците на Ерусалимската Патријаршија. Беше достигнат договор по прашањето за отворање на Романски метох во Јерихон и беше подготвен документ, кој доби благослов од Нивните Светости, Ерусалимскиот Патријарх г. Теофил и Романскиот Патријарх, г. Даниил.

Сепак востановувањето на евхаристиското општење помеѓу двете Православни Цркви се случи една година по појавувањето на документот.

Извор: pravmir.ru