Осветување на црква на Антарктикот
 
 
 
 
 

Осветување на црква на Антарктикот (14.02.2014 18:47)

За денес е највено Големо осветување на најјужната црква на земјата, „Св. Троица“ лоцирана во руската поларна станица „Белинсхаузен“ на Антарктикот, јави Информативната служба на Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот.

Епископот на Нарјан-Мар и Мезенск, г. Јаков , го осветил Северниот Пол во 2011 г., и морската патека на Северното Море во септември 2013 година.

Црквата „Св. Троица“ е изградена од кедар и лариш, на островот Кинг Џорџ во близина на поларната станица Белинсхаузен на 15 февруари 2004 година. Таа е воедно и единствената жива црква на Антарктикот. Посетена е не само од екипажот на руската станица, туку и од екипажите на другите поларни станици лоцирани на најјужниот континент. Во неа служат јеромонаси од Троице-Сергиевата Лавра, кои доаѓаат на смена од по 1 година. Покрај свештената служба, тие се активно вклучени и во работата во поларната станица.

Во минатото, црквата ја посетиле претседатели од повеќе земји од Латинска Америка, шпанскиот Крал Хуан Карлос I, Претседавачот на Руското Федерално Собрание, министри и претседатели на федералните тела во Русија. Во 2007г. во црквата е извршен и првиот чин на венчание на Антарктикот, меѓу рускиот истражувач Ангелина Жулдибина и членот на чилеанскиот екипаж, Едуардо Илабака.

Во црквата секоја година се врши парастос за 64-те руски поларни експерти кои загинале на должност на Антарктикот.

 

       

Извор: Interfax