Се повлече игуменот на светогорскиот манастир Григоријат
 
 
 
 
 

Се повлече игуменот на светогорскиот манастир Григоријат (17.02.2014 12:47)

Игуменот на свештениот светогорски манастир Григоријат, Неговото Високопреподобие г. Георгиј Капсанис, минатата недела ја предал својата оставка на манастирското братско.

Според информациите од агенцијата Romfea.gr, причините за предвременото вомировување на отец Георгиј се непознати. Сепак, информативниот сајт AgionOros.ru јавува дека ваквата одлука е последица на нарушеното здравје на Високопреподобниот отец.

Изборот на нов игумен на свештената Григоријатска обител е закажан за четврток, 20 февруари.

Инаку, отец Георгиј Капсанис е еден од највлијателните современи подвижници и богослови во православниот свет.

Извор: pravoslavie.ru