Киев: Импровизирано трауматолошко одделение во црква
 
 
 
 
 

Киев: Импровизирано трауматолошко одделение во црква (21.02.2014 19:05)

Светот деновиве е шокиран од фотографиите од Киев на кои е доловен еден потресен чин на хуманост. Имено, на фотографиите е прикажано како на ранетите и раскрвавени тела на учесниците во конфликтот во Украина им се укажува итна медицинска помош во внатрешноста на една црква.

Можеби надвор од Михајловскиот манастир се случува вистинска трагедија во судирите меѓу вооружените трупи на власта и анти-владините демонстранти на Мајдан, но внатре во црквата се поставени импровизирани хирушки маси на кои лекарите и медицинските сестри им укажуваат прва помош на повредените граѓани.

Дополнително, голем број волонтери притекнуваат кон манастирот и носат медицинска опрема за прва помош – јод и завои, но и резерви на храна.

 

    

 

Извор: dogma.gr