Последни подготовки пред средбата на поглаварите во Истанбул (24.02.2014 01:10)
Според извештаите од Цариградската патријаршија, во тек се последните подготовки пред средбата на поглаварите на помесните православни цркви во Истанбул планирана за следниот месец. Имено, средбата е замислена да биде потврда на единството меѓу помесните православни цркви, но и можност за разгледување на важни прашања од животот на Црквата. Главната тема, како што и претходно беше најавувано, ќе биде организацијата и свикувањето на Сеправославен собор.
Состанокот е планиран да се одржи од 5 до 9 март 2014 година, и истиот ќе заврши со Божествена Литургија на која ќе сослужуваат сите присутни поглавари во Неделата на Православието (9 март), ден кој поради неговата возвишена историска симболика е погоден за објавување на донесените одлуки.
Извор: theorthodoxchurch.info