Средба меѓу Митрополитот Иларион и Архиепископот Јероним
 
 
 
 
 

Средба меѓу Митрополитот Иларион и Архиепископот Јероним (26.02.2014 14:42)

На 24 февруари 2014г. по благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Иларион ја посетил Атина и остварил средба со Неговото Блаженство, Архиепископот Атински и Грчки, г.г. Јероним II.

На средбата биле разгледани различни аспекти од билатералните односи меѓу Руската и Грчката православна црква, како и некои прашања од сеправославната агенда, а биле споделени и мислења околу ситуацијата со христијаните на Блискиот Исток и другите региони.

На средбата, од грчка страна присуствувале и епископот на Христијануполис, г. Прокопиј, протосингелот на Атинската Архиепископија, архимандритот Максим и секретарот на Комитетот за меѓу-православни односи на ГПЦ, архимандритот Игнатиј. Покрај Митрополитот Иларион, претставници на Московската Патријаршија биле и секретарот на Одделот за надворешни црковни врски на МП, протопрезвитер Игор Јакимчук, членот на Одделот за надворешни црковни врски на МП; ѓакон Анатолиј Чурјаков и јероѓаконот Николај.

Извор: mospat.ru