Вселенскиот Патријарх отслужи Трисагија за погинатите во судирите во Украина
 
 
 
 
 

Вселенскиот Патријарх отслужи Трисагија за погинатите во судирите во Украина (28.02.2014 13:51)

Голем број Украинци, но и Грци и Грузијци присуствуваа на Трисагијата што во понеделникот (24 февруари) ја отслужи Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј во патријаршиската црква на св. Георгиј Победоносец во Фанар, Истанбул.

Дел од Трисагијата беше отслужена и на црковнословенски јазик. По Трисагијата, Патријархот му се обрати на украинскиот Конзул во Истанбул, како и на присутните украински верници, заблагодарувајќи им на за нивното присуство, и покрај трагичните настани во нивната родна земја.

Меѓу другото, Патријархот истакна дека за Вселенската Патријаршија, како за мајка Црква која пред 1025 години ја пренела светлината на вистинската вера во нивните краишта, е природно да ги прифати браќата од Украина како свои. „Ова е ваш дом. Вие не сте туѓи на ова место. Вратата на оваа црква и вратата на нашето срце е постојано отворена за вас“, нагласи тој. „Се молиме и просиме од Семоќниот Бог мирот и разумноста да преовладеат во овие тешки и мачни времиња за Украина.“

Членовите на украинската заедница од Истанбул од своја страна ја изразија благодарноста за ваквиот однос кон нив. „Молитвите и желбите за мир на Сесветиот Архиепископ на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски Патријарх, во овие тешки времиња претставуваат најголема поддршка за нас“, се вели во писмото што тие му го испратија на Патријархот.

Извор: romfea.gr