Програм 200: 1 милијарда рубљи за изградба на 18 цркви
 
 
 
 
 

Програм 200: 1 милијарда рубљи за изградба на 18 цркви (04.03.2014 14:18)

Повеќе од 1 милијарда рубљи (околу 20 милиони евра) во донации биле собрани во изминативе 3 години за изградба на 18 нови православни цркви во Москва, изјави заменикот на Руската Дума, г. Владимир Ресин. Изградбата на овие цркви спаѓа во владиниот проект познат како „Програм 200“, кој има за цел изградба на 200 православни цркви на територијата на градот Москва во следните 15 години. Проектот започна во 2010 година со помош на власта на градот Москва, која за таа цел додели и земјиште, и помогна во прибирањето на потребните дозволи за новоградбите. Идејата е преку овој проект да им се овозможи на жителите во најгусто населените области да имаат православна црква на оддалеченост која би можеле да ја поминат пеш.

Идејата беше критикувана во некои предградија, поради можноста парите да бидат потрошени за други цели, но и поради фактот што моментално се градат цркви на плоштади и јавни паркови. Дел од критичарите пак, се загрижени поради блискиот однос меѓу градските власти и Црквата, што придонесува, според нив, за маргинализација на другите религии во главниот град на Руската Федерација.

Извор: The Moscow Times