Патријархот Вартоломеј во пастирска посета на Германија (16.05.2014 15:14)
Минатата сабота (10.05.2014г.) започна десетдневната пастирска посета на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј на Германија. Најпрво, во Штутгарт Патријархот беше поздравен од претседателот на покраинската влада на Баден-Виртемберг, г. Винфрид Кречман. На приемот што следеше потоа, еко-Патријархот, како што западните медиуми го нарекуваат Патријархот Вартоломеј, говореше за денешната еколошка криза со која се соочува светот, а чијашто причина е егоизмот на човекот.
По обраќањето на Сесветиот, следеше обраќање на Неговата Екселенција, г. Кречман, кој меѓу другото, посочи дека на заштитата на животната средина треба да работаат сите, а не пропушти ниту да го искритикува односот на турската Влада кон православното малцинство во Туција. Тој потенцираше дека патот кон Европа е отворен за Турција, но неопходно е да се остваруваат основните вредности на ЕУ, меѓу кои спаѓа и верската слобода.
Потоа Патријархот ги посети црквите во Еслинген, Франкфурт и Берлин. Во Берлин, Патријархот оствари средби и со Претседателот на Германија, Н.Е. г. Јоахим Гаук, кој воедно е и поранешен протестантски пастор, Претседателот на германскиот Бундестаг, Н.Е. г. Нирберт Ламерт но и со германскиот канцелар, Н.Е. г-ѓата Ангела Меркел, на која ѝ се заблагодари за нејзината усрдна поддрша на Свештената Германска Митрополија, како и за нејзините две посети на Вселенската Патријаршија.
Во програмата закажана е и посета на Минхен, кадешто Патријархот ќе прими почесен дикторат на Минхенскиот универзитет. Повод за посетата на Германија е педесетгодишнината на Грчката православна митрополија во Германија, која брои половина милион верници од вкупно еден милион православни жители на Германија.
Извор: Amna.gr