Мас-медиумите и Црквата: Семинар во Солун (16.05.2014 15:24)
Во периодот од 12 до 15 мај во Солун се одржа семинар за односот меѓу мас-медиумите и Црквата, во рамките на Конференцијата на Меѓупарламентарното Собрание на Православието (МСП). На семинарот учество зедоа истакнати новинари и медиумски работници од Православната Црква, Сеправославни организации и екуменски делегации, како и архијереи и јереи од Православната Црква и ориенталните православни заедници.
Воведни излагања на семинарот имаа г. Сергеј Попов, член на Руската дума и г. Симос Кедикоглу, заменик-премиер и портпарол на Владата на Грција. Вселенскиот патријарх Вартоломеј преку видео порака ги поздрави учесниците, по што следеа говори на г. Теодор Караоглу (министер во грчката Влада), г. Анастасиј Неранѕиз (член на грчкиот Парламент), Митрополитот Солунски г. Антим, г. Марк Бич (директор на комуникацискиот сектор на Светскиот Совет на Црквите), г. Михаил Тритос (декан на Богословскиот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун), г. Григориј Пасхалидис (Претседавач со Школата за новинарство и мас-комуникација на Аристотеловиот универзитет во Солун), г. Макис Воицидис (Претседател на Синдикатот на новинари во Солун) и г. Лео ван Десбург (менаџер за надворешни работи на Европското христијанско политичко движење – ЕХПД). Со слово се обрати и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Навпактски г. Јеротеј, Претседавач на Синодалниот комитет за вести, односи со јавноста и просветителство на ГПЦ, на тема „Христијанство – Православие – јавен простор“.
Во текот на семинарот, низ работните сесии беа разработени различни теми од сферата на комуникологијата, како на пример: „Религија, комуникација, јавен простор“ (г. Јоанис Петру), „Пост-модерни трендови: Христијанска димензија“ (г. Валериј Алексеев), „Популизмот и автентичноста во религијата“ и „Црквата и социјалните мрежи“ (онлајн презентација преку Скајп на г. Брус Кларк).
Извор: Theorthodoxchurch.info