Вселенскиот Патријарх во Ерусалим
 
 
 
 
 

Вселенскиот Патријарх во Ерусалим (26.05.2014 11:40)

Во шестата недела по Пасха (недела на слепиот), во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим беше отслужена Божествена Литургија со која началствуваше Неговата Сесветост, Архиепископот Константинополски и Патријарх Вселенски г. Вартоломеј, во сослужение на г. Теофил, Патријарх Ерусалимски и архијереи и јереи од Константинополската и Ерусалимската Црква.

Патријархот Вартоломеј се наоѓа во посета на Ерусалим, каде што треба да се сретне со Папата Франциск, за заедно да ја одбележат педесетгодишнината од средбата меѓу Патријархот Атинагора и Папата Павле VI.

 

     

 

     

Извор: Patriarchate.org