Погребение на архимандритот Георгиј Капсанис во манастирот Григоријат на Света Гора
 
 
 
 
 

Погребение на архимандритот Георгиј Капсанис во манастирот Григоријат на Света Гора (09.06.2014 23:08)

Во трогателна атмосфера, на денешен ден понеделник на 9 јуни 2014, се изврши опелото на проигуменот на манастирот [Григоријат] Старецот Георгиј Капсанис во манастирот Григоријат на Света Гора.

На опелото чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Неаполски г. Варнава, придружен од Неговото Блаженство Митрополитот Сисанијски и Сјатиски г. Павле.

Исто така беа присутни проепистатот на Св. Гора, Стефан Хиландарски, игумени на 11 манастири на Света Гора и голем број јеромонаси, монаси и мирјани – духовни чеда на блаженоупокоениот Старец. Владиците, новиот игумен на манастирот Григоријат Христофор и проепистатот зборуваа мошне трогателно за личноста на покојниот Старец.

 

 

Извор: Romfea