Се засилува грижата на Московската Патријаршија за лицата со хендикеп
 
 
 
 
 

Се засилува грижата на Московската Патријаршија за лицата со хендикеп (11.06.2014 14:27)

Московската Патријаршија започнува со поактивна духовна грижа за лицата со хендикеп, преку повеќеслојна и комплексна програма.

- Во план е поставување на инфраструктура за непречено движење и пристап на лицата кои се движат со помош на помагала и колички, помош во означувањето на подовите за движење на слепи лица, како и превод на богослужбите за глуви и слепи лица, потврдуваат од Синодалниот Оддел за милосрдие и социјалнa службa.

Исто така, планирано е основање на Координативен Ценар за работа со глуви и лица со попречен слух, како и развивање на волонтерска работа која ќе биде насочена кон помош во секојдневниот живот на овие лица. Исто така, се работи и на поставување на градинки за деца со хендикеп во црковните згради.

Денес, над 300 православни здруженија, волонтерски и хуманитарни организации им помагаат на лицата со хендикеп во Русија.

Извор: Pravmir.com