Се упокои во Господа Блажениот Митрополит Киевски и Украински Владимир (05.07.2014 12:08)
Денес, 5 јули 2014 г. во Господа се упокои Блажениот Митрополит Киевски и Украински Владимир.
Бил роден на 23 ноември 1935 г. во христијанско семејство, како Виктор Маркианович Сабодан. Во 1954 се запишал во Одеската духовна семинарија (ОДС), а во 1958 г. во Ленинградската духовна академија, која ја завршил во 1962 г. По завршувањето на академијата бил предавач во Одеската семинарија. На 14 јуни 1962 г. бил ракоположен во ѓаконски, а следниот ден, во свештенички чин. На 26 август примил монашки потстриг. Во 1965 г. ги завршил последипломските студии на Московската духовна академија, бил назначен за ректор на ОДС, и примил архимандритски чин.
Во 1966 г. бил назначен за заменик началник на руската духовна мисија во Ерусалим.
На 23 јуни 1966 г. Свештениот Синод на МП одлучил архимандритот Владимир да биде епископ Звенигородски, викар на Московската епархија, претставник на РПЦ – МП во Светскиот совет на цркви во Женева и парох на женевската парохија на Рождество на Пресвета Богородица.
На 9 јули истата година бил хиротонисан за епископ Звенингородски.
На 9 септември 1973 г. бил возведен во архиепископски чин. На 18 април 1978 г. се здобил со звање професор на МДА, а на 5 јуни 1970 г. ја одбранил магистерската теза.
На 30 декември 1987 г. станал постојан член на Свештениот Синод на Московската Патријаршија. На 27 мај 1992 г. Архијерејскиот Собор на УПЦ го избрал за митрополит Киевски и Украински, Претстојател на УПЦ, и таа должност ја извршувал до 24 февруари 2014 година, кога поради влошена здравствена состојба Синодот на УПЦ избрала местобљустител на Киевската Катедра.
Извор: Московска Патријаршија