Прва Божествена Литургија во Смирна после 1922 година
 
 
 
 
 

Прва Божествена Литургија во Смирна после 1922 година (20.08.2014 08:39)

Православните Христијани од Смирна (денешен Измир, Турција) имаа единствено искуство за паметење оваа недела (17.08.2014 г.), кога за прв пат после 1922 година во градот се богослужеше Божествена Литургија во обновената црква на св. Вукол, еп. Смирненски. Црквата е единствениот православен храм зачуван од малоазискиот погром. Бил користен како магацин, концертна сала за класична музика и опера, археолошки музеј и антикварница, пред да биде вратен на користење на Црквата.

Трогнати од исполнувањето на нивните надежи, Христијаните од Измир не ја криеја нивната возбуда и радост.