Во Хабаровската богословија мироточи иконата на свeти Инокентиј Московски
 
 
 
 
 

Во Хабаровската богословија мироточи иконата на свeти Инокентиј Московски (24.08.2014 09:12)

Во црквата во Хабаровската богословија (Русија), на 20 август годинава започнала да мироточи иконата на св. Инокентиј Московски, небесниот покровител на оваа образовна установа, јавува Информативната служба на Хабаровската епархија.

Мироточењето први го виделе учениците во нашата богословија кои во тоа време присуствувале на вечерната молитва. Кога ни го посочија тоа, видовме дека од очите на свети Инокентиј Московски течат потоци. Тоа е икона на нашиот покровител, и затоа веднаш отслуживме Молебен – изјавил првиот проректор на Хабаровската богословија, Епископот Бикински Ефрем.

Кога ја отвориле заштитната обвивка на иконата за да се убедат во нејзиното мироточење, храмот се исполнил со благоухание. Мироточењето продолжило и следниот ден. Крупни капки, слични на солзи, се слевале по ликот на светителот на иконата, собирајќи се на нејзиниот долен дел.

Инаку, иконата со честичка од моштите на светителот, е живописана во Троице-Сергиевата лавра, и Богословијата ја добила на дар од блаженоупокоениот Патријарх Алексеј II.

Извор: Православие.ру