Седумгодишнина од востоличувањето на Романскиот Патријарх Даниел (02.10.2014 13:26)
На 30 септември 2014 година, Неговата Светост, Патријархот Даниел ја одбележа седумгодишнината од неговото востоличување како Патријарх на Романската православна црква. Утрото во 9 часот беше отслужена Света Архијерејска Литургија со која началствуваше Неговата Светост, во сослужение со бројни архијереи, јереи и ѓакони, а со учество на верниот народ.
Во 11:30 часот беше отслужен и Благодарствен молебен преку кој Црквата во Романија Му се заблагодари на Бога за добрините што Тој ги излева врз Црквата и народот во Романија. По молебенот беше приредена кратка прослава, на која беа прочитани честитките од страна на државните и градските власти и институции. На одбележувањето на оваа годишнина беа присутни членовите на Свештениот Синод на Романската Црква, голем број лаици и верници, членовите на Црковно-народната асемблеја, припадници од државните и градски власти и институции, јавни личности, како и членовите од Епархискиот Управен Одбор од Букурешката Архиепископија.
Извор: Информативна служба на Романската Патријаршија