Анимиран филм посветен на св. Серафим Саровски
 
 
 
 
 

Анимиран филм посветен на св. Серафим Саровски (07.10.2014 11:57)

На почетокот од 2015 година во кино-салите во Русија ќе се појави цртаниот филм за преподобен Серафим Саровски, јавува рускиот портал „Правмир“. Филмот бил презентиран на VI Меѓународен фестивал за православни медиуми „Вера и слово“. Идејата за снимање на еден ваков анимиран филм посветен на преподобниот саровски чудотворец се јавила во 2005 година, на прославата на 100-годишнината од прославувањето на светиот, кога и се формирал фонд во негова чест. Целта била да се раскаже приказна која ќе ги допре срцата на сите луѓе, како на верните, така и на т.н. „невоцрковени луѓе“. Токму затоа и била напишана приказната за девојчето Серафима, ќерка на свештеник којшто е гонет во 1937 година, кога Руската Црква дала голем број на новомаченици и новоисповедници. Соочена со ваквата реалност, таа го запознава св. Серафим, кој ѝ помага да ги надмине искушенијата. На тој начин се прикажани и делови од житието на светиот. Филмот е наменет за сите возрасни групи, а не само за деца. „Тоа е филм што треба да го гледа секое семејство“, велат авторите.

 

 

 

 

 

Извор: Агапи