Виртуелна тура низ полските православни цркви
 
 
 
 
 

Виртуелна тура низ полските православни цркви (07.10.2014 11:59)

Полската Православна младина изработила виртуелна мапа на која може да се посетат и видат 28 цркви од полската област Пушќа Кничинска. Полските цркви отсекогаш претставувале особен градежнички потфат. Тие биле градени со години, и се показател на традицијата, историјата, културата и верата на жителите на тие предели.

На интернет презентацијата може да се види панорама на овие цркви и капели, нивниот внатрешен изглед и други карактеристики, а може и да се прочита подетално за нивната историја, на англиски и полски јазик. На овој начин, Православната младина сака на јавноста да ѝ ја претстави убавината и значењето на овие православни храмови. Во проектот биле вклучени повеќе младинци и младинки.

Врска до презентацијата: http://www.puszczaknyszynska.cerkiew.pl/


Извор: Полска православна црква