Руски монаси ќе произведуваат луксузни италијански сирења
 
 
 
 
 

Руски монаси ќе произведуваат луксузни италијански сирења (17.10.2014 09:32)

Монасите од манастирот „Преображение Христово“ на островот Валаам на Ладошкото езеро, го усвоија производството на елитни италијански сирења, соопштува агенцијата ИТАР ТАСС.

Во манастирот беше донесена специјална опрема, а послушниците поминаа и низ курс на обука. На својата интернет страница монасите раскажале дека извесно време престојувале на обука во Италија, каде локални мајстори им ја откриле тајната за приготвувањето на Моцарела, Качота, Морлако, Рикота и сирење со бела мувла Бјанка. Во производството ќе се користи само млеко од манастирската фарма.

Претходно манастирот ја закупи специјалната опрема за производството на деликатесите од Италијанската фирма „SFOGGIA“. Малото островско стопанство на монасите ќе го продава своето производство во матичниот манастир, а дел од него ќе биде доставуван и до продавничките во близина на светата обител. Локалните медиуми ја поврзуваат оваа деловна идеја со забраната за внесување на западни продукти во Русија, и покрај тоа што на списокот на забранети западни продукти, млечните производи беа додадени нешто подоцна.

Извор: Двери.бг