На Кипар ќе се изгради Грузиски манастирски комплекс (24.10.2014 13:46)
На Грузиската Православна Црква на Кипар ѝ беше предаден еден дел земја. Како што им соопшти на новинарите во Патријаршијата на Грузија, протоерејот Георгиј Звиададзе, на тој имот ќе се изгради манастирски комплекс што ќе им даде можност на грузиските духовни лица да служат богослужби за Грузијците, кои што живеат на Кипар, соопштува „Грузија онлајн“.
Отец Георгиј раскажа и за посетата на Грузискиот Патријарх Илија II на Кипар. На Патријархот Илија II, и на другите членови од грузиската делегација, им беше дадена можност да го посетат на Кипар местото каде што од 10 век постоел грузиски манастирски комплекс. Сега таму се само урнатини. Претстојателот на Грузиската Православна Црква таму отслужи благодарствен молебен и панихида. Како што соопшти протоерејот, официјалната средба се остварила во резиденцијата на Кипарскиот Архиепископ, и таму станало збор за подготовките на Вселенскиот црковен собор, кој ќе се случи во 2016 година.
Извор: Pravoslavie.ru
Преземено од: pppe.mk