Старец Паисиј канонизиран за светител
 
 
 
 
 

Старец Паисиј канонизиран за светител (13.01.2015 10:07)

Тукушто дојде соопштението дека Светиот Синод на Цариградската Патријаршија донесе решение за канонизација на старецот Пајсиј Светогорец.

Во официјалното соопштение се вели дека денес Светиот Синод на Вселенската Патријаршија еднодушно го примил предлогот од комисијата за канонизација за впишување во списокот на светиите (грч. Агиологиј) на Православната Црква на монахот Пајсиј Светогорец.

Старец Пајсиј е роден во 1924 г, во Фарас, Кападокија и починал на 12 јули 1994 г. Не е погребан на Света Гора, каде што го поминал поголемиот дел од неговиот живот, туку во основаниот од него женски манастир во Суроти, Халкидики. Старец Пајсиј е еден од најпознатите современи православни духовници, кој добил дар на духовно раководство (т.н. старчество), чудотворство и проѕорливост. И досега тој беше почитуван во целиот православен свет како светител, а во голем број православни цркви има и негови икони и фрески.


Во 2013 година, Вселенската Патријаршија го канонизира и Старец Порфириј Кавсокаливит.

Извор: http://dveri.bg/9dduw

Преземено од: www.pppe.mk