Во градот Патра е изграден храм во чест на преподобниот Старец Паисиј Светогорец
 
 
 
 
 

Во градот Патра е изграден храм во чест на преподобниот Старец Паисиј Светогорец (19.01.2015 15:29)

Храмот во Патра во чест на преподобниот Паисиј беше изграден токму во исчекување на неговата канонизација, чијшто датумот беше непознат. По Божја промисла сите градежни работи завршија еден ден пред одлуката за канонизација од страна на Цариградската Патријаршија. 

Во малиот храм посветен на преподобниот Паисиј Светогорец, изграден во дворот на соборниот храм на свети Николај, после распространувањето на веста за вбројување на Старецот во соборот на Светиите, се одржа свечена богослужба, соопштува AgionOros.ru, повикувајќи се на Romfea.gr

Утрото на 14 јануари 2015 г., Митрополитот на Патра Хризостом отслужи во храмот Божествена Литургија. На богослужението учествуваа многубројни клирици и мирјани. Сите што имаа желба можеа да се поклонат на иконата на преподобен Паисиј. 

Во својата проповед трогнатиот Владика Хризостом рече: „За големата љубов на Господа кон нас грешните, Кој во време на богоотстапништво ни испраќа такви светители како што е Старец Паисиј, коишто на целото човештво му даваат поткрепа и поддршка и се застапуваат пред Господа за нашето спасение“. 

Митрополитот Хризостом раскажа за духовните врски на многу клирици и мирјани од Патрската епархија со преподобниот Паисиј, напомнувајќи за големото благоговение кон него од страна на православните низ целиот свет. 

Исто така, Владиката изјави дека пред четири години му го дал монашкото име во чест на старец Паисиј на еден од жителите на обителта Гирокомиу. 

Извор: Православие.ру

Преземено од: Bigorski.org.mk