Што кажува ембриологијата, науката за зачетокот?
 
 
 
 
 

Што кажува ембриологијата, науката за зачетокот? (19.03.2015 22:27)

Од гледна точка на современата биологија (генетика и ембриологија), животот на човекот како биолошка индивидуа почнува од моментот на спојување на машките и женските полови ќелии и образувањето на единствено јадро, кое содржи неповторлив генетски материјал.

            Во текот на целиот развој внатре во матката, новиот човечки организам не може да се смета како дел од телото на мајката. Тој не може да се смета како дел од орган од мајчиниот организам. Затоа, очигледно е дека абортусот во кој било стадиум од бременоста е немарен прекин на животот на човекот како биолошка индивидуа.

Д-р по биолошки науки В. А Голиченков

 

Абортусот и рак на млечните жлезди

 

            Од моментот на легализирање на абортусот во САД во 1973 година, драстично се зголемил процентот на заболени од рак на млечните жлезди. Според податоците на Американското друштво за борба против рак, таа болест го зазема второто место меѓу причинителите на смрт кај жените до 85 години.

            Како ракот на млечните жлезди е поврзан со абортусот? Во раната фаза на бременост, во женскиот организам може да се забележи зголемена количина на половиот хормон естроген, погоден за зголемување на бројот на злоќудни клетки. На крајот на бременоста овие клетки созреваат и се преобразуваат во нормални клетки. При вештачкиот прекин на бременоста (абортусот), тоа не се случува и многу се зголемува веројатноста за појавување и растење на тумор.

            Според статистиката:

         Кај жени помлади од 18 години кои извршиле абортус после осмата недела бременост, веројатноста за појава на заболување на млечните жлезди се зголемува за 800%;

         После абортусот кај жени постари од 18 години веројатноста за заболување на млечните жлезди расте просечно околу 50%;

         Веројатноста за заболување од рак на млечните жлезди расте при прекин на првата бременост;

         Кај жени кои абортирале и после тоа заболеле од рак на млечните жлезди оваа болест е поопасна и нивото на преживување е пониско отколку кај жени кои не абортирале.

 

Гласови од Запад

1.     Лекар Б. Мекмилан за тоа зошто престанала да врши абортуси: „Не можев повеќе да гледам мали мртви тела“.

2.     Медицинска сестра што извршувала абортуси: „Тука вршиме абортуси. Тоа ни е основната работа. Понекогаш настапуваат тешки, мрачни моменти, кога ми се чини дека повеќе нема да можам да издржам уште еден леген со крвави остатоци или да кажам уште една смирувачка фраза“.

3.     Други вработени на истата клиника: „Сите би сакале плодот да е безобличен, но не е така. И тоа е страшно“.

4.     Лекар (непотпишан): „Кога првпат извршив абортус, се чувствував како убиец, но продолжив тоа да го правам, и сега, после дваесет години, забележувам дека нешто сериозно се случи со мене, како човек и лекар. Станав суров. Да, парите беа потребни... О како беше едноставно, бидејќи првиот чекор веќе беше направен, тие жени (кои доаѓаа за абортирање, заб. на прев.) да се гледаат како животни, а децата како парчиња ткиво...“

5.     На прашањето дали лекарот Ален Џ. Клајн обрнал внимание на возраста на личноста Д. Раванел, која умрела за време на абортусот што тој го извршувал, Клајн одговорил: „Не, и порано сум оперирал 13-годишни. Можеби би се замислил ако е во прашање 10-годишно девојче“.

6.     Д-р Невил Сендер, сопственик на абортерска клиника: „Знаеме дека тоа е убиство. Но државата допушта убиство во одредени околности“.

7.     Мери Калдерон, поранешен лекар и претседател на про-абортус Друштвото за планирано мајчинство: „Абортусот е одземање живот“.

 

Вести од светот

 

         Во САД два милиони парови чекаат да посвојат дете, но на секој од тие парови има по 30 абортуси (т.е. бројот на тие што сакаат да убијат дете е за 30 пати поголем од бројот на тие што сакаат да посвојат дете).

         После 5-10 години од абортусот, кај 54% од жените се јавуваат ноќни кошмари, а 96% имаат чувство дека уништиле човечки живот.

         Според податоците на институтот А. Гантмахер, 40% од жените кои имале прв абортус имаат барем уште по еден; 50% од нив го користат абортусот како единствено средство за планирање на семејство. Само 3% од абортусите се извршуваат заради здравјето на мајката.

         Индустријата за абортуси во САД годишно донесува по 500 милиони долари приход, а во целиот свет годишниот крвав приход изнесува 10 милијарди долари.

         Продажбата на орални контрацептивни средства на фирмата „Шеринг“, главниот светски производител на истите, во 1994 година ѝ донела приход од 910 милиони долари.

         Владата во Индија го одбила протестот на граѓаните и започнала со голема пропаганда на инјекциониот контрацептивен препарат со долго дејство „Депо-Провера“, чии производители се „Max India Limited“ и „US Upjohn Company“. Депо-Провера е инјекционен контрацептив што се користи еднаш во три месеци. Американскиот комитет за прехранбени производи и медицински препарати (FDA) ја забранил неговата употреба, но подоцна било дозволено да се употребува.

Повеќето жени што користат Депо-Провера имаат проблем со месечниот циклус. 57% од жените кои во периодот од една година го користеле ова средство добиле аменореја, а 68% од жените кои го користеле ова средство две години ја добиле истата болест. Средството го зголемува ризикот од прелом на коските, бидејќи го менува составот на коскеното ткиво.

Кај жените кои престанале со употребата на ова средство, аменорејата и стерилитетот траеле 18 месеци.

         Во Русија има повеќе абортуси од кое било друго место во светот. На секое породување има по два абортуси. Во текот на една година, секој десетта жена од 15 до 49 години се подложува на оваа операција. Тоа е 4-5 пати повеќе отколку во САД.

         Оралните контрацептивни средства широко почнале да се користат во САД во 60-тите години од 20 век. Дури сега стануваат очигледни последиците од нивната примена. Сите орални контрацептиви („Анти-бебе пилули“) содржат високоактивни хормонални состојки. Националниот институт за рак во САД спровел истражување во Нов Зеланд кое покажало дека ризикот од заболување од рак на млечните жлезди кај жените кои земале орални контрацептиви е за 20% поголем од оние што не користеле вакви средства. Според едно истражување на британски научници, ризикот за заболување од рак на дојката кај жени до 36 години, кои земале орални средства против забременување во период од 4-8 години, е за 40% поголем, а кај оние што ги користеле повеќе од 8 години – 70%. Покрај ова, употребата на овие средства го зголемува и ризикот од тромбоза на вените (30 случаи заболувања на 100.000 жени кај оние што земале „анти-бебе пилули“ наспроти 5 случаи на 100.000 жени кај оние што не користеле такви средства).