Прва меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми и православната пастирска дејност (20.03.2015 10:20)
Под покровителство на Неговата Светост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, од 7 до 9 мај 2015 г., во Атина, ќе биде одржана Првата меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми и православната пастирска дејност.
„Свети Максим Грк“, Инстититот за истражување, чување и унапредување на духовните и културни традиции, кој со години е активен на ова поле, првенствено преку сајтот Pemptousia, организира конференција во соработка со медиумската мрежа Orthodox Christian Network (myocn.net), која дејствува при Соборот на канонските Епископи на САД, и веб сајтот Богослов, основан од Одделот за верско образование при Московската патријаршија.
Конференцијата ќе ја процени и анализира пастирската работа која се нуди по пат на дигиталните медиуми, како и динамиката на православното присуство во оваа област. Дискусијата потоа ќе се сконцентрира на проценката на православниот дискурс во сајберпросторот.
Покрај собирањето на луѓето директно вклучени во работата на православните дигитални медиуми, цел на конференцијата е и координација на работата поради поефективно пренесување зборови од Евангелието на корисниците на Интернет, а во слава на Бог.
Во работата на конференцијата ќе учествуваат 75 експерти, православното свештенство и лаици од 21 земја, кои ќе ги претставуваат сите јурисдикции на Православната Црква.
За повеќе информации и регистрација, посетете го сајтот http://www.dmopc15.com/.
Извор: Светигора