Светогорците против плановите на грчката влада да ги воведе електронските пасоши
 
 
 
 
 

Светогорците против плановите на грчката влада да ги воведе електронските пасоши (25.03.2015 15:10)

На 16 март 2015 година, Светиот Кинот (управно тело) на Света Гора испрати отворено писмо до министерот за реформи во управувањето, г. Георгиј Катругалос.

Според мислењето на Управата на Света Гора, воведувањето на нови електронски пасоши од страна на Владата, „под изговор за борба со бирократијата и кризата“, ќе претставува загрозување на неприкосновеноста на личните податоци и ќе предизвика „нарушување на личните права и слободи“.

„Ве молиме да го земете предвид тоа дека „личната карта на граѓанинот“ ја негира неговата личност, претворајќи ја во бројка во рамките на системите за државно управување. На тој начин се нарушува, дадената од Бог, слобода на човековата личност“, се вели во обраќањето до министерот од страна на претставниците на светогорските манастири.

 

Извор: Agionoros.ru